×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Одложено судењето за прегазеното дете

    10.01.2018 12:11 | KumanovoNews

     Во Основниот суд Куманово, денеска повторно се одложи судењето против Бобан Илиќ обвинет за убиството на Алмир Алиу, поради отсуство на двајца обвинети за насилство.

    Одложено судењето за прегазеното дете

    Сами Демири и Абдула Алиу не можеле да дојдат на рочиштето затоа што им се расипал камионот на турско-грчката граница ноќеска по полноќ, па нивниот адвокат се правдаше дека немал време да го извести судот.

    На рочиштето од притвор беше донесен обвинетиот Бобан Илиќ, а завршни зборови требаше да даде Обвинителството.

    Наредното рочиште е закажано за 23 јануари.

     Бобан Илиќ, е обвинет дека на 25 јуни 2016 година намерно го прегазил Алмир Алиу(4), по претходна банална расправија со неговиот татко во Здравствен дом Куманово.

    Таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.