×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ограбен бостанџија од Струмица

    19.08.2010 12:29 | KumanovoNews

     СВР Куманово поднесе кривична пријава И.З.(31) од Куманово за сторено кривично дело разбојништво.

    Ограбен бостанџија од Струмица

     Приведениот вчера околу 14 часот стапил во контакт со С.А. (62) од Струмица кој продавал бостан на камион на пазарот кај булеварот „Октомврислка Револуција„ и му предложил да му ги откупи лубениците за потоа да ги препродава. По утврдување на пазарот И.З. му предложил на струмичанецот да појдат до татко му дома за тој да го исплати за бостанот. Патем во една уличка ,,купувачот‘‘ на бостанот ненајдено му удрил две тупаници на струмичанецот и го соборил на асфалтот, по што од џебот на кошулата му одзел 4.000 денари и исчезнал од местото на инцидентот.Набргу потоа по описот на неговиот идентитет бил пресретнат од полицијата и приведен пред обвинителството. Разбојникот од претходно и е добро познат на полицијата како извршител на повеќе разбојништва и тешки кражби заради кои е на потерница за издржување казна затвор во траење од 7 години.