×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Огранок на „Српски вез„ во Старо Нагоричане

    20.03.2015 10:25 | KumanovoNews

    Културно уметничко друштво „Српски Вез“ ќе има свој огранок во општината Старо Нагоричане.

    Огранок на „Српски вез„ во Старо Нагоричане

    Огранокот ќе започне со работа од понеделник, а за претседател е избран Дејан Пешевски.

      „Со играорците ќе работи кореографот на друштвото Марјан Бошковски. Целта на огранокот е зачувување, негување, развивање и промоција на традиционалните и културните вредности на српскиот народ, кој живее на овие простори, како и развивање на мултиетничкиот карактер на нашето општество како врвна демократска вредност,- изјави новиот претседател на друштвото Далибор Китановиќ, кој доаѓа на местото на  починатиот Горан Стојковиќ.

    „Српски Вез“ постои повеќе од една година, има около 90 играорци поделени во две групи (мала и возрасна), има сопствен оркестар и солисти, а ќе оформи хор и драмска секција.

      Општината Старо Нагоричане и Куд „Српски Вез“, потпишаа меморандум за соработка и реализација на проектот „Преку традиционалните културни вредности на заедниците до подобар живот на граѓаните на Старо Нагоричане„ подржан од Советот на Европа.