×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Олимписка чешма се гради пред хотел Кристал

    17.07.2019 11:02 | KumanovoNews

    Општина Куманово започна со реконструкција на фонтаната во паркот пред хотелот Кристал, која ќе стане Олимписка чешма.

    Олимписка чешма се гради пред хотел Кристал

    Целиот простор ќе биде партерно уреден, а ќе бидат испишани имињата на кумановските олимпијци Аце Русевски, Реџеп Реџеповски и Бранимир Јовановски.

    Оваа година Куманово е прогласено за Европски град на спортот во 2019, па во тој дух е и изградбата на Олимписката фонтана, за да се оддаде признание на спортистите кои го прославиле градот низ светот.

     Овој потег ќе служи за пример на идните спортски генерации во градот коишто се вложуваат себеси во спортот, да постигнат врвни резултати и вечно да им стои обележјето за нив и за нивните успеси во спортот. Ова ќе биде еден скромен допринос на Општината за заслугите кои постигнаа нашите сограѓани, - изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

    Градоначалникот не сакаше да откриe како ќе изгледа Олимписката чешма, бидејќи сака да биде изненадување за граѓаните.