×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Опозицијата бара повеќе пари во новиот буџет за справување со загадувањето

    16.12.2017 20:02 | KumanovoNews

    Советниците од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Куманово бараат во новиот буџет се да предвидат повеќе пари за решaвање на проблемите со загадувањето во Куманово.

    Опозицијата бара повеќе пари во новиот буџет за справување со загадувањето

    Загрижени за здравјето на граѓаните советниците го потсетија градоначалникот Максим Димитриевски дека во својата изборна програма ветувал мерки за чист воздух и чиста околина, па го повикаа во најкраток можен рок да превземе конкретни мерки за намалување на загаденоста.

    „Знаејќи дека во наредниот период се изготвува Буџет на Општина Куманово за 2018 години, како советничка група предводена од ВМРО-ДПМНЕ апелираме во истиот да бидат предвидени повеќе финансиски средства за справување со овој горлив проблем кој прераснува во сериозна еколошка катастрофа. Да потсетиме дека ветуваа живот за сите, чист воздух за сите, но не видовме ниту живот ниту пак чист воздух за граѓаните на Куманово“, - изјави на прес-конференција Невена Величковска, советничка од ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата ги повторија поразителните и загрижувачи податоци за огромна концентрација на ПМ10 честичките во воздух, кои се енормно големи и се повеќекратно над дозволеното.

    Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на градскиот плоштад делеа маски на граѓаните за да се заштитат од загадениот воздух.