×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Општина без смет за поубав свет“- еколошка акција за чистење на Крива Паланка

    21.03.2019 11:00 | KumanovoNews

    Во наредните два месеци во Крива Паланка ќе спроведе еколошка акција за чистење на населбите, насловена „Општина без смет за поубав свет“ или „Чиста насеба - чиста општина“.

    „Општина без смет за поубав свет“- еколошка акција за чистење на Крива Паланка

    Акцијата се организира на граѓанска иницијатива, а ќе опфати чистење на дворовите, зелените јавни површини и собирање на непотребниот отпад од индивидуалните домови.Основна цел на акцијата е подобрување на општата слика на градот преку почиста животната средина во населените урбани и рурални заедници.

    „Во оваа сеопфатна еколошка акција во Општина Крива Паланка, ќе се спроведуваат низа на мерки во делот на намалување на отпадот и подобрување на јавната чистота, односно собирање на отпадот од јавни површини, отстранување на отпадот од сопственичките дворови, домови, подруми и остави. На овој начин граѓаните ќе имаат можност, покрај тоа што ќе бидат вклучени во чистењето на јавните површини, во исто време и да се ослободат и од отпадот, кој што од различни причини го складирале или одложувале во кругот на своите домаќинства, а ние како Општина ќе имаме  логистичка поддршка во овој дел, - изјави координаторот на акцијата Бранко Велиновски.

    Градоначалникот Борјанчо Мицевски, повика на масовно присуство на граѓаните, кои благовремено ќе бидат информирани за акциите, коишто ќе се одвиваат исклучиво во недела  со почеток од 9.30 часот до 13.30 часот.

    Во акцијата ќе се вклучат граѓани, невладини организации, извиднички одред, здружение на пчелари, планинарските друштва, здружение на пензионери, поддржани од Советот на Општината, ЈП „Комуналец“, советите на заедниците на станари во самите населби, локалните правни субјекти и младите еко тимови од училиштата, кои ја покренале акцијата.

     Во акцијата ќе учествува и кумановското здружение „Кумановски акцијаши“.