×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општина Куманово потпишала меморандум за соработка со Меѓународниот сојуз на Боки 13, но не реализирала ниту еден проект

    16.08.2019 11:22 | KumanovoNews

    Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски во името на Општина Куманово потпишал меморандум за соработка со Асоцијацијата за заштита на цивилно општество и социјално загрозените категории “Меѓународен сојуз” Скопје, сопственост на Бојан Јовановски- Боки 13, но не реaлизирале ниту една активност.

    Општина Куманово потпишала меморандум за соработка со Меѓународниот сојуз на Боки 13, но не реализирала ниту еден проект

    Меморандумот бил потпишан на 7 декември 2017 година, со важност од една година, а се однесува на поддршка за реализација на проекти од социо-економски карактер, како и промовирање на граѓанското општество и на подигање на цивилизациските вредности.

    “Со овој меморандум Општина Куманово дава поддршка за заедничка реализација на проектни активности, изработка на проекти и соработка во имплементација на други активности, како и третирање на локални прашања од социо-економски карактер, во насока на поголема ефикасност во реализација на нашите заеднички цели и мисии, како и поголема легитимност во барањата адресирани до институциите на локално и национално ниво, а кои се однесуваат на добивање на бенифити во локaлната зaедница. Општина Куманово и Меѓународниот сојуз се обврзуваат да ја продлабочат соработката и заедничкото поврзување, со цел подобра имплементација на активности, видливост, легитимност и релевантност пред донаторската заедница, меѓународните организации и вкупната јавност. Заедничката соработка ќе се гради во правец на промовирање на граѓанското општество и на подигање на повисоко ниво на цивилизациските вредности“, - стои во меморандумот, што го потпишале Димитриевски и Јовановски.

    Меморандумот денеска е објавен на сајтот на Општината Куманово, по прозивките во јавноста градоначалникот да одговори какви релации имал со Боки 13.

    Од Општината велат дека тоа било вообичаена процедура при средби помеѓу невладини организации и институции и документот – меморандумот не содржел обврзувачки дејствија туку истиот е протоколарен, бидејќи од меморандум не се реализирала ниту една активност и истиот е вон сила.

    “Категорично ги отфрлам сите шпекулации дека јас на каков било начин поврзан со целиот настан кој ја бранува јавноста. Единствено што мене и Oпштината не поврзува со оваа невладина организација е потпишаниот меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и „Меѓународен сојуз Скопје“ чиј претседател е Бојан Јовановски, но одговорно тврдам дека во времетраење од една година на договорот, ниту една активност не беше спроведена. Дополнително стојам на располагање за сите прашања што ја засегаат јавноста, поврзани со ваквите погрешни тврдења“ – изјави градоначалникот Максим Димитриевски, кој се залага за интензивна истрага и експедитивна разрешница на случајот „Рекет“.

    Меморандуми за соработка со Боки 13 потпишале и други градоначалници од СДСМ, а некои се повикани да сведочат во Јавното обвинителство.