×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ангажира 20 лица што ќе помагаат на старите и на лицата со попреченост

    19.09.2018 11:50 | KumanovoNews

    Преку програмата за општинско-корисна работа на проектот “Локална прегратка“, Општина Куманово ангажираше 20 лица, кои ќе работат со лицата со попреченост во дневните центри и со стари и изнемоштени лица во домашни услови.

    Општината ангажира 20 лица што ќе помагаат на старите и на лицата со попреченост

    Mузички аниматори, логопеди, тренери, социјални работници, педагози, психолози, дефектолози, одделенски наставници, физиотерапевти и медицински сестри, по 4 часа дневно ќе им помагаат на овие ранливи групи граѓани во извршување на нивните секојдневните обврски.

    - Нашиот проект се состои од 3 проектни идеи. Првата се лицата со попреченост во двата дневни центри во Општина Куманово. За потребите на корисниците ангажиравме 6 лица-ментори за развој на личните афинитети и помош при осамостојување.Тука ангажиравме професори по физичко и музичко образование кои секојдневно ќе работат со лицата. Втората проектна идеја се однесува на учениците со интелектуална попреченост кои се вклучени во инклузивното образование во 5 основни училиште. Со нив ќе се работат индивидуално 5 образовни асистенти. Третата идеја е новитет, а тоа е помош на стари лица. Ангажиравме 6 луѓе, кои ќе им пружаат помош и подршка во домашни услови. Нивнана обврска ќе биде да набават продукти, придружба на лекар, социјализација на старите лица. На почеток ќе бидат опфатени 20 стари лица, колку што имаше интерес, а во текот на проектот тој број може да се зголеми. Едно лице ќе покрива 5 семејства, - изјави Тања Стефановска, координатор на проектот.

    Градоначалникот Максим Димитриевски, смета дека проектот е од големо значење за граѓаните од ранливите групи, кои се маргинализирани во општеството, во извршување на нивните обврски, но и поради подигање на свеста кај граѓаните.

    - Воедно ја користам оваа прилика да апелирам и до самите родители да бидат похрабри, да се одважат да се соочат со реланоста и да ги споделат тешкотиите со сите нас. Општината во рамките на своите можност ќе продолжи да дава допринос и да даде значење на нашите сограѓани. Нема да дозволиме да останат маргинализирани, - изјави Димитриевски.

    Проектот трае 6 и 9 месеци, а месечниот надомест на вработените ќе биде бруто 9000 денари. Од Општина Куманово се надеваат дека по завршување на проектот лицата кои се ангажирани ќе се стекнат со вештини кои ќе им помогнат полесно да се прилагодат на пазарот на трудот, а ранливите категории на граѓани ќе ја добијат неопходната помош, што се целите на програмата.   

    Проектот е финасиран од Агенцијата за вработување на РМ, а се реaлизира во соработка УНДП и Министерство за труд и социјална политика и локалната самоуправа. Буџетот на целиот проект е 2.71 милиони денари.

    Ова е шеста година како Општина Куманово го спроведува овој проект.