×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината ќе ги казнува дивите прекопувачи

    26.11.2010 15:59 | KumanovoNews

    Надлежните најавуваат дека оштетувањата на собраќајниците, тротоарите и пешачките патеки во градот и приградските населби, повеќе нема да се толерираат.

    Општината ќе ги казнува дивите прекопувачи

     Општината ќе преземе ригорозни мерки и ќе ги казнува граѓаните што создаваат диви прекопи по јавните површини. Надлежните најавуваат дека секојдневните оштетувања на собраќајниците, тротоарите и пешачките патеки во градот и приградските населби ја поминале секоја мерка, поради што ќе мора да се застане на патот на таквото однесување на поединци и фирми во градот. Законот предвидува за сите интервенции да се побара одобрување од Секторот за урбанизам, а доколку не се почитува процедурата сторителите ќе се казнат.

    Сведоци сме дека има голем број на прекопи што граѓаните ги вршат за време на викендите, празниците или вечерните часови и потоа не ги враќаат во првобитната положба.Тоа е казниво со закон и затоа апелирам до граѓаните, но и јавните претпријатија да ги следат процедурите и по нив да постапуваме, за да можеме да го зачуваме уредениот простор во градот -вели Оливер Спасовски, секретар во Општината.   

    Граѓаните најчесто прекопите ги прават заради приклучоци за вода, канализација, струја и друго, без одобрение од никого.Најмногу се оштетуваат улиците во новите населби, но често тоа се прави и во централното градско подрачје. Таков пример имаме и на пешачката зона спроти „Статер банка„. Сопствениците на еден од угостителски објект уште минатото лето го ископа плочникот и ги извади бекатон плочките за да постават трафостаница. Потоа плочките исчезнаа, а на местото остана дупка полна со вода.  Сопствениците на околните дуќани кажуваат дека многу често граѓаните паѓаат во прекопот, бидејќи не очекуваат дека плочникот е прекинат.

    Од општината велат дека и инспекциските служби ќе бидат  поревносни за да се искорени лошата навика на уништување на она што е јавно добро.

    Прекршителите во иднина не само што најригорозно ќе бидат казнувани, туку ќе мора да ја надоместат и направената штета.