×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината доби 280 илјади денари за проекти во ромските населби

    20.12.2018 12:35 | KumanovoNews

    Општина Куманово доби 280 илјада денари од Владата за изработка на проекти за подобрување на условите за живот на Ромите.

    Општината доби 280 илјади денари за проекти во ромските населби

    Средствата ќе се искористат за изработка на проекти за инфраструктурни проблеми во населбите во кои живеат граѓани од ромската етничка заедница.

     Жителите од населбите Средорек, Бавчи, Стари лозја и Живкова карпа се соочуваат со сериозни инфраструктирни проблеми, пред се улици и канализациона мрежа. Во моментот овие проекти се приритет, бидејќи без нив не може да се аплаицира во министертсвата или кај странски донатори, но не можат да се предвидат  средства во програмата на Општината, - вели советникот Самет Салиевски.

    Според Салиевски Општината ќе издвои и 2,5 милиони денари за чистење на речното корито на реката Кумановка.

    Пред 10-тина дена министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата на Ромите, Ахсел Ахмедовски ја посети населбата „Средорек“ и најави 3,2 милиони денари за изградба на канализациона мрежа и асфалтирање на улиците.