500x100-1
24. 06. 2019 15:25

Општината и МОН работат на отворање на ново училиште во поранешната касарна во Бедиње

Општината и МОН работат на отворање на ново училиште во поранешната касарна во Бедиње

 Иницијатива за изградба на средношколски училишен центар во кругот на поранешната касарна „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата Бедиње, Општина Куманово поднела уште минатата година до Министерството за образование и наука.

Објектот ќе се користи за потребите на средношколците од гимназијата „Сами Фрашери“ и техничкото училиште „Наце Буѓони“, со настава на албански јазик, кои сега учат во несоодветни услови во управната зграда на некогашен ЗИК Куманово.

 „Со изградба на нов објект или можност за реконструкција на некои од постоечките објекти, овој дел би добил една убава образовна целина. Сеуште за жал и покрај нашите ургенции немаме одговор од ресорното министерство, во континуирана комуникација сум со министерот, постојат позитивни очекувања, се најавуваат позитивни одговори, но сеуште нема официјален одговор,- изјави градоначалникот Максим Димитриевски.

Министерот за обрзование и наука Арбер Адеми, вели дека министерството ги преземало сите активности и се координира со останатите институции за да гимназијата „Сами Фрашери“ од објектот на поранешиот ЗИК, се дислоцира на нова локација.

„Три објекти од поранешната касарна веќе се во сопственост на МОН. Во моментот во Агенцијата за просторно планирање се работи на ДУП-от, а и со Министерството за транспорт и врски сме во постојана комуникација што побрзо да завршат административните постапки, па ние како министерство да распишеме јавна набавка за техничка документација, а потоа и за реализација на градежни активности. Очекувам дека овие административни пречки ќе бидат набргу надминати, за да проектот што побрзо се реализира“ - изјави министерот на прашање на Кумановоњус.

Со дислокација на училиштете од ЗИК, ќе се реши повеќегодишниот проблем за одвивањето наставата во несоодветни услови на учениците и за решевање на сообраќајниот хаос во тој дел од градот.

Во кругот на касарната се наоѓа средното стручно училиште „Перо Наков“ на албански јазик и дисперзираните студии на Тетовскиот универзитет, а неодамна беше пуштена во употреба  и нова спортска сала за потребите на учениците.