×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината непотребно превработува, смета ВМРО-ДПМНЕ

    12.07.2017 12:32 | KumanovoNews

    Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ смета дека општина Куманово вработува партиски кадри пред локалните избори иако за тоа нема реална потреба, по најавата за 34 нови работни места во локалната администрација. 

    Општината непотребно превработува, смета ВМРО-ДПМНЕ

    „Пред дванаесет години кога го доби првиот мандат, градоначалникот затекна општина со помалку од триесетина вработени. За време на своето владеење успеа вработените во општината повеќекратно да ги зголеми, за да ова 2017 година оваа бројка порасне до околу 250. Прашуваме дали општината за 12 години пораснала 8 пати, или пак се развила толку за да се оправдаат овие зголемувања на вработените од 800 отсто, - изјави Драган Петковски, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ.

    Од партијата велат дека овие работни места кумановчани ќе ги чинат над 2 милиони денари месечно, само за плата.

    СДС половина Куманово го стави под хипотека од недомаќинското управување, а сега дополнително го оптеретува буџетот со вработување на своите партиски активисти. Општината чии претпријатија тонат во долгови и каде што нема средства за сервисирање на основните функции, а камоли за некој нов проект, сега активно превработува, - додаде Петковски.