×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината со ребаланс ќе го покрива образованието

    13.10.2010 08:45 | KumanovoNews

     Дупката од 850 иљади евра што ја направи Министерството за образованието во oпштинскиот буџет ќе се  решава со ребаланс.

    Општината со ребаланс ќе го покрива образованието

     На наредената седница пред советниците ќе се најде предлог-одлука за одвојување на дополнителни сретства што ќе го покријат минусот  за да не се блокираат одредени проекти на локалната самоуправа.

    Ребалансот ќе треба да го покрие губитокот во оваа година, со можност еден дел од сретствата да бидат префрлени во 2011 година-вели градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Проблемот со намалентите дотации од Министерството за образование се актуелизирал и на последната седница на ЗЕЛС. При тоа било побарано да се организира средба на градоначалниците со премиерот, министрите за финансии и образование, за да се каже дали Владата планира во 2011 година да ги исплати кусоците за зголемување на платите на просветните работници согласно Колективниот договор.

    Неможе од изворните приходи на локалната самоуправа од даноците на граѓаните да се финансира дупката во образованието, која со блок дотации е префрлена во втората фаза од фискална децентрализација. Мислам дека тоа е една манипулација во фискалната политика на државата,особено со префрлување на ингеренциите во образованието. Ако се продолжи со ова темпо ќе бидеме приморани да побараме образованието да се врати на државата, бидејќи општините немаат капацитет од своите изворни приходи да ги покриваат ваквите губитоци- смета Дамјановски.