×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Општината тврди дека ги презела сите мерки кон склонопадниот објект, граѓаните бараат поголема ефикасност

    18.09.2018 14:18 | KumanovoNews

    Општина Куманово тврди дека ги преземала сите законски мерки за заштита на руинираниот објект во центарот на градот, но сопствениците не постапиле по нивните упатства.

    Општината тврди дека ги презела сите мерки кон склонопадниот објект, граѓаните бараат поголема ефикасност

    Реакцијата уследи по обвинувањата на граѓаните дека објектот е оставен да се распаѓа без заштити и ја загрозува безбедноста на граѓаните.

    - Нашите служби имаат постапено согласно одредбите од законот за градење и до сопствениците има испратено известување за нивната должност за отстранување на објектот, односно означување на објектот како опасен со соодветни ознаки, поставување заштитна ограда до отстранување на опасноста, како и да поднесат барање за добивање за одобрение за отстранување до надлежниот орган, односно Општината. Сопствениците на овој објект сеуште немаат постапено по нашето известување, - велат од Општина Куманово.

     Тие апелираат до сопствениците на ваквите склонопадни објекти, да ги почитуваат нивните обврски и надлежности како сопственици, се со една цел да се заштити безбедноста на граѓаните.

    Според законот, отстранувањето на објектот или негов дел се врши во случај на оштетување ако постои опасност од негово уривање. Сопственикот на објектот е должен да преземе итни мерки за отстранување на објектот, односно да го означи објектот како опасен со соодветни ознаки, да постави заштитна ограда до отстранување на опасноста и да поднесат барање за добивање за одобрение за отстранување до надлежниот орган. Ако сопственикот на објектот не ги изврши работите, тоа ќе го изврши надлежниот орган на овој закон за издавање одобрение за градење, во овој случај Секторот за урбанизам при Општина Куманово.

     Граѓаните сметаат дека Општината не треба да ги моли сопствениците да ги извршат своите обврски  кон старите куќи, туку да ги натера да постапуваат по нивните решенија, бидејќи искуствата на терен покажуваат дека тие со години се комотни и не преземаат ништо.

     - Ако има наследници, мора да има некој дел во законот во кој ќе се преземе нешто во вакви ситуации кога е загрозена безбедноста на граѓаните кои живеат тука. Доколку не одговориле во предвидениот рок мора да има санкции. Мора да постои некое решение на проблемот. Не може ние да живееме во страв дека ќе падне некоја ќерамида или  парче и ќе не повреди,  - вели Маргица Бошковска, која живее покрај распадната куќа на улицата „Димитар Влахов“.

    Во Куманово постојат дваесетината склонопадни објекти во централното градско подрачје, кои покрај тоа што се грда слика претставуваат потенцијална опасност по безбедноста на граѓаните. Граѓаните очекуваат новата власт сериозно да се зафати со решавање на овој проблем.