×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Освежување во недела

    27.08.2010 10:37 | KumanovoNews

     До недела ќе се задржи стабилно, суво и многу топло време. УВ индексот ќе има висока вредност .

    Освежување во недела

    Во недела ќе настапи постепена промена на времето. До средината на идната недела ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен локален дожд и опаѓање на температурите, најпрвин во северните, а до крајот на периодот и во останатите делови. Во недела и во среда ќе дува умерен до засилен северен ветер.

    Преку денот биометеоролошките услови ќе имаат поголемо влијание. Во пладневните часови може да се појави главоболка, а поретко слаби болки на грбот и во рацете. Во вечерните часови луѓето чувствителни на временските промени ќе почувствуваат и сонливост, а кај некои пак ќе се појави и чувство на тежина во главата. Во ноќните часови ќе дојде до смирување на симптомите. Во недела кон крајот на денот ќе настапи постепена промена на времето кога ќе има опаѓање на температурите, зголемување на облачноста и локални врнежи од дожд, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.