×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Откако стана почесен граѓанин на Куманово, Жбогар ќе го учи најфраерскиот дијалект

    11.11.2018 20:54 | KumanovoNews

    Амбасадорот на Европската унија во Македонија Самуел Жбогар, денеска најави дека ќе се потруди да го научи кумановскиот дијалект затоа што е граѓанин на Куманово.

    Откако стана почесен граѓанин на Куманово, Жбогар ќе го учи најфраерскиот дијалект

     Јас сум горд што го научив македонскиот јазик, но сега треба да се помачам малку да научам кумановски, затоа што слушнав дека е најфраерскиот дијалект. Исто така добро ќе ми дојде да попримам малку и од овој кумановскиот дух и од страста што кумановци ја имаат кон животот, - рече на македонски во своето обраќање  Жбогар, откако беше прогласен на почесен граѓанин на Куманово, на свечената седница на Советот на Општина Куманово, по повод Денот на ослободувањето - 11 Ноември.

    Потоа на кумановски кажа: - „Б`ш би сакаја да прошетам низ чаршију и да се сретну с`с стари пријатели куде Тумбу и три бандере“,  што наиде на воодушевување кај присутните во салата и беше поздравен со бурен аплауз.

    Клучот од влезната врата на градот му го предаде градоначалникот Максим Димитриевски.

     Евроамбасадорот Жбогар, се заблагодари за признанието и истакна дека му чест да биде граѓанин на најголемата општина во Македонија, кој за неколку месеци ќе слави 500 години постоење.

    Јас сум благодарен на признанието, заради нашите заеднички напори во минатото и за сите можности што ни престојат во нашата заедничка иднина. Јас ја претставувам Европската унија во вашата земја, за некој што потекнува од Словенија, јас пораснав во земја која сите бевем едно.И мојата мисија е да работам за денот кога сите ќе бидеме повторно едно, но овој пат во рамките на Европската унија, -изјави евроамбасадорот Жбогар.

    Тој истакна дека наградата ја прима како признание од Општината за поддршката и финсиската помош, која ЕУ ја дава на граѓаните, меѓутоа и во знак на посветеноста на граѓаните на Куманово кон се што Европската унија претставува и се залага.

     Всушност една од моите први посети во земјата пред две години беше во Куманово, за отпочнување на проектот за обнова на канализациската мрежа. Куманово е важен регионален центар и значајна Општина. Затоа не е изненадување што ЕУ се вклучи во инфраструктурни проекти, а уште многу важни проекти се во подготовка. Како патот до Ранковце, пругата до Софија и депонијата за смет на североисточниот регион, - истакна евроамбасадорот.

    Тој порача дека со својот мултиетнички карактер Куманово претставува Македонија во мало, а токму вредностите на толеранција, меѓусебната зависност и соживот се во срцето на ЕУ.