×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена градинката „Детелинка“ во Куманово

    16.05.2018 11:48 | KumanovoNews

    Шеесетина деца ќе бидат згрижени во новата детска градинка  „Детелинка“, која денеска започна да работи во состав на ЈДУ „Ангел Шајче“ во Куманово.

    Отворена градинката „Детелинка“ во Куманово

    Градинката се наоѓа во приземјето на некогашниот Пионерски дом, на површина од 350 метри квадратни. Има три занимални со една јаслена и две градински групи, како и гардеробри, кујна и тоалети. Потрошени се 5 милиони денари обезбедени од Министерството за труд и социјална политика.

    На оворањето на градинката присуствуваше министерката Мила Царовска, која рече дека заложба на Владата е за 50 проценти да се зголеми сместувањето на децата во градинките.

     „Нашата цел како Влада е за 50 отсто да го зголемите опфатот на децата во предучилишно образование, и затоа интензивно отвораме нови објекти. Во 2019 година со Светска банка и со Владата стартуваме со една програма за унапредување на квалитетот на претшколското образование, затоа што програмата треба да е прилагодена на новите општествени текови“,- изјави министерката Царовска.

    Во наредниот период Општина Куманово треба да изготви и проект за целосна реконструкција на Пионерскиот дом, по што Владата ќе обезбеди средства за негова реализација и со тоа целиот објект ќе биде пренаменет за предшколска установа.

    Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски,  истакна дека градинката е исклучително значајна за децата од овој дел градот, а особено што запуштениот Дома на пионери доби нова намена.

    “Се заблагодарувам на сите кои дадоа придонесоа овој проект да се трансформира во една успешна приказна и воедно сакам да ја истакнам нашата желба и заложба за создавање на дополнителни добри дела за кои верувам дека ќе добиеме поддршка од централната власт, од Владата и ресорното министерство“- изјави Димитриевски.

    Директорката Марина Алексовска се заблагодари на Министерството за труд и социјална политика за подршката при реконструкција на објектот, како и за набавка на опремата и дидактички помагала за децата, при што нагласи дека установата со свои средства инвестирала во поставување на дел од оградата, бекатон и пристапните патеки.

    „Во наредниот период ќе се реконструра Пионерскиот дом и целиот простор ќе се пренамени за детска градинка која е неопходна за овој дел од градот. Сега за првпат во центарот на градот имаме јаслена група. Единствена градинка беше „Кокиче„ каде немаше јасли, а имавме голем притисок и потреба од граѓаните на Куманово“, - рече директорката Алексовска.

          Реконструкцијата на дел од Пионерскиот дом започна во август минатата година, а беше планирано да заврши до средината на септември, но поради проблеми на кровната конструкција и гасификација на објектот отварањето задоцни 8 месеци.

    Во Куманово во состав на градинката „Ангел Шајче“ работат 7 објекти и два центри за ран детски развој во кој се сместени над 1.800 деца. Но потребите на градот се многу поголеми и со години родителите имаат сериозни проблеми со сместување на децата. На листата на чекање има повеќе од 700 деца.