×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена изложбата на Тошевски

    25.06.2010 09:36 | KumanovoNews

     Синоќа пред кумановската публика беше отворена изложбата на слики на  уметникот Трајко Тошевски од Куманово.

    Отворена изложбата на Тошевски

     Мотивите на изложбата се земени од природата, кои успеал да ги трансформира преку својата повеќегодишна творечка активност, претставувајќи ги на публиката во вид на едно сликовно писмо односно уметноста е сведена на знакови и симболи. Самите слики наликуваат на едно пиктографско  писмо кое говори за едни современи пристапи на стилизација на самата ликовна уметност. Оваа изложба ќе се претстави и на прилепската публика и во уште неколку градови од Македонија-рече Роберт Цветковски.

     Автор има преку дваесетина самостојни изложби. Сликарството што вчеравечер го претстави пред љубителите на уметноста е само продолжение на неговото започнато творење уште од пред дваесетина години.