×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Oтворена изложбата „Самоуки 2010“

    11.06.2010 09:20 | KumanovoNews

    Во организација на Центар за култура , а со подршка на Министерството за култура , синоќа беше отворена традиционалната изложба "Самоуки 2010".На манифестацијата годинава се претствија дваесетин уметници со по две дела, работени во најразлични техники.

    Oтворена изложбата „Самоуки 2010“

    „Задоволни сме од одзивот на уметниците кои испратија по три дела, направивме селекција и ја реализиравме оваа изложбена поставка. Таа се организира уште од 1991 година и има за цел да ги претстави неакадемските ликовни ументици од Куманово, односно да им даде можност да покажат што е она што го работат пред публиката“ - изјави Роберт Цветковски стручен соработник од Центарот.

    Кумановската публика на отварањето на изложбата имаше можност да погледне четириест дела, претежно слики масло на платно,но графики, дрворезби и пастели.

    „Сметам дека манифестацијата ни дава шанса на нас самоуките, кои не сме во можност да обезбедиме финасиски средства да се претставиме пред публиката,но и да размениме мислења И искуства со колегите за онаа на што работеле во изминатата година“ - вели уметникот Ненад Скрчевски.

    Изложбата ќе биде поставена до 24 јуни.И оваа година  делата ќе бидат претставени во повеќе центри за култура во другите градови во Македонија.