×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Отворена Католичка црква во Куманово

    21.11.2010 23:09 | KumanovoNews

     Од минатата недела започна со работа капелата на Католичката црква во Куманово со благослов на бискупот Киро Стојанов.

    Отворена Католичка црква во Куманово

     Капелата се наоѓа на улица „Бранко Богдански – Гуцман“ број 14, а на располагање на сите верници им се Дон Хуан и неговите два помошници.

    Меѓу гостите на првата миса беа монсињор Антун Циримотиќ, претставници на Католичката црква од Струмица, господин Стјепан Глас и господин Миљенко Ненадиќ - од амбасадата на Република Хрватска во  Македонија, претставници на амбасадата на Малта, гости од Скопје и Ниш, членови на Заедницата на Хрвати во Република Македонија – Огранок Куманово и други верници.

    По благословот од страна на бискупот Стојанов оддржана е првата миса, а капелата беше полна со верници. Капелата ќе биде отворена секој ден, а миси ќе се оддржуваат секоја недела со почеток во 11 часот.