×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ОУ „11 Октомври“ со хуманитарна акција ја одбележа Неделата на италијанскиот јазик

    21.10.2019 12:49 | KumanovoNews

    По повод одбележување на Неделата на италијански јазик, којашто трае од 21 до 27 октомври, Основното училиште „11 Октомври“ во Куманово организираше култура манифестација со хуманитарен карактер, под мотото „Донирај од срце и со љубов“.

    ОУ „11 Октомври“ со хуманитарна акција ја одбележа Неделата на италијанскиот јазик

    Манифестацијата беше отворена со рецитирање на детски стихотворби на италијански и македонски јазик, како и со музички настап, од страна на учениците на ова училиште.

    Посетителите на овој настан, имаа можност и да дегустираат дел од италијанските специјалитети.

    „Секоја година имаме манифестациии со кои ние ги одбележуваме културите на другите држави за странските јазици коишто се изучуваат кај нас. Се труудиме да имаме што е можно повеќе манифестации од ваков тип. Има голема заинтересираност за изучување на овој јазик, затоа што секој јазик е големо богатсво, а тоа го доживуваме како еден голем успех“- рече Маја Ристиќ Кипријановска, наставник по италијански јазик во ОУ „11 Октомври“.

    И директорката на основното училиште Елизабета Костиќ, додаде дека вакви манифестации кај нив се одбележуваат традиционално и дека специфичноста на нивното училиште е и во тоа што освен како задолжителен прв јазик кој е англискиот, во ова училиште како задолжителни втори јазици се италијанскиот, германизкиот и францускиот.

    На оваа манифестација, во соработка со Црвен крст на Куманово и хуманитарната група „Да бидеме хумани“, беа собрани пакети со тестенини, бисквити и јаболка, коишто се дел од италијанската кујна, а ќе бидат доделени на социјално загрозените семејства од нашиот град.