×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пад на температурите и врнежливо време во втората половина на неделата

    28.10.2019 08:57 | KumanovoNews

    Првите неколку дена ќе биде сончево и топло, а од четврток се очекува пад на температурите.

    Пад на температурите и врнежливо време во втората половина на неделата

    Денеска времето ќе биде ведро и сончево време со претпладневни температури кои ќе се движат помеѓу 23 степени и 28, а веќе околу 19 часот се очекува температурите да паднат на 11 степени.

    Во вторник, исто така се очекува ведро и сончево време со попладневна максимална температура од 21 степен до 27 степени, а околу 19 часот со температура од 12 степени.

    Во среда ќе настапи блага облачност во претпладневните часови и максимална температура која ќе се движи од 16 степени до 24, додека пак веќе во вечерните часови температурата ќе падне на 9 степени.

    Во четврток се очекува облачно време со поинтензивен дожд и максимална температура од 12 степени до 18.  Дождот се очекува во текот на целиот ден, а поинтензивен ќе биде по 19 часот.

    Во петок, врнежите на дожд ќе продолжат и во текот на ноќта, а по 13 часот времето ќе се стабилизира, со максимална температура која ќе се движи во временски интервал од 10 степени, па се' до 17 степени.

    За викендот се најавува врнежливо време со утринска температура до 7 степени, а пак максимална до 18 степени.