×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Паднала од велосипед и починала

    07.06.2010 14:10 | KumanovoNews

     Татјана Алексовска (44) од селото Пчиња во несреќен случај починала, откако паднала од велосипед и си ја скршила главата. Несреќата се случила вчера во 13.30 часот на патот помеѓу селата Вак`в и Пчиња во близина на нивата каде таа и нејзиниот сопруг работеле.

    Паднала од велосипед и починала

     Алексовска со велосипед тргнала до дома да земе нешто, а сопругот останал да копа. По патот најверојатно паднала и удрила во камен, при што се здобила со фрактура на главата. Откако поминало подоста време, а жената не се вратила сопругот почнал да ја бара по телефон, но таа не се јавила. Во 15.30 часот мртвата жена ја пронашол жител на селото и го повикал нејзиниот сопруг. Веднаш повикале полиција и брза помош. По лекарскиот преглед била утврдена повредата на главата. Соседите не веруваат дека Татјана не можеле де се здобие со толку сериозна повреда од падот на велосипед, туку дека на жената најверојатно и се слошило од високата температура и добила излив на мозокот. Телото е предадено на обдукција и ќе се открие причината за смртта.