×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Падобранец и манекенка скокнаа во жито

    10.05.2010 06:24 | KumanovoNews

    Српскиот падобранецот Александар Цветковиќ (28) од Смедерево,кој учествуваше на Меѓународниот куп на падобранство во Куманово, во саботата го извел првиот падобрански тандем скок во државата со манекенката Рената Стоилковска од Скопје. Наместо на целта,двојката завршила во жито.

    Падобранец и манекенка скокнаа во жито

     Несекојневната случка се одиграла пред очите на останатите падобранци кои сметаат дека нивниот млад, но искусен колега ја искористил приликата со убавата Македонка да се тркала во младата пченица.

    Имавме мали проблеми затоа што хелихоптерот отиде на страна во однос на ветрот и скокнавме малку подалеку. Влеговме во облак на висина од 1500 метри и не смеев веднаш да го отворам падобранот, бидејќи незнаев кој уште има во облакот и се отворивме дури на 700 метри. Поради тоа не успеав да стигнеме до аеродромот и слетавме во една нива со пченица. Камерманот долу чекаше да го сними историскиот скок, а ние завршивме во жито. Точно дека девојката беше многу убава, но тоа не го сторив намерно. Не можам да ги убедам колегите дека се беше случајно, никој не сака да ми верува- се правда шармантниот падобранец Александар.

    Падобранците раскажуваат дека идејата за тандемскиот скок била на манекенката, која како промотор на одредени призводи присуствувала на Купот.Таа немала искуство во скок со падобран, но кога го видела убавиот Србин се охрабрила. Тој со задоволство го прифатил нејзиниот предлог и се вивнале во височините. Скокале со специјален падобран кој има двоен систем за врзување, поголема купола и издржливост од 220 до 240 килограми. Таа како патник се врзала со посебни сигурносни појаси и била во прегратка  на падобранецот.

     Јас се занимавам со падобранство 12 година, така што овој скок ми беше само интересен, додека оној кој скока првпат нему му е возбудливо-вели Цветковиќ.

    Во Македонија досега не било реализирано тандемско скокање, поради немање на падобран за таква намена.

    Тоа е нешто ново на овие простори, и сега сме во преговори да заживее повеќе. За тандемскиот скок е потребна висина од минимум 3000 метри, а овде нема авиони за такви висини-велат падобранците.

    Куманово викендов беше домаќин на Меѓународeн падобрански куп што го организираше аеро клубот „Доне Божинов„ на спортскиот аеродром Аџитепе.Се натпреваруваа 7 екипи со 30 падобранци од репрезентациите на Македонија, Црна Гора и Србија.