×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Панковски останува на директорската функција

    15.10.2010 12:17 | KumanovoNews

     Советот на Општината Куманово вчера ја прифати оставката на советникот на ВМРО-ДПМНЕ Миомир Панковски, кој поради неспоивост на функциите  го напушти Советот.

    Панковски останува на директорската функција

     Тој останува да работи како директор на „Здравствениот дом„ Куманово.

      По препорака на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и општински комитет донесе одлука сите наши членови кај кои има судир на интереси да си поднесат оставка во најкраток временски рок. Досегашниот советник   Панковски, тоа го стори и денеска му беше констатиран престанок на мандатот. Истото треба да го сторат и останатите советници и високи функционери кај кои постои неспоисвост на функциите. Останатото е индивидуално прашање, кој како ги сфаќа работите и кој колку морал има во себе- изјави Бобан Николовски, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

     На местото на Панковски ќе дојде Стефан Трајановски, на кој на една од наредните седници ќе му биде верификуван мандатот.