Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата утринава се одвива без забрани, по влажни коловози поради врнежи од слаб снег кој наместа се задржува на коловоз.
Појава на утринска магла има на Стража со видливост до 40 метра. На возачите им препорачуваме внимателно возење, прилагодување на брзината на движење и одржување на потребното растојание помеѓу возилата.
Од АМСМ препорачуваат внимателно возење низ клисурите и засеците поради можната појава на поситни одрони, особено на патниот правец Маврово - Дебар каде појавата на одрони и лизгање на земјиште е почеста. Интензитетот на сообраќај е умерен надвор од градските средини.
Потсетување на возачите за задолжително поседување на зимска опрема во возилата се до 15 Март.