×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пензионерите во посета на музејот „АСНОМ„

    23.07.2010 09:30 | KumanovoNews

    Здружението на инвалидските пензионери од Куманово утре организира еднодневна екскурзија за своите членови и колеги од другите градови во Меморијалниот центар Пелинце.

    Пензионерите во посета на музејот „АСНОМ„

     На оваа средба на инвалидски пензионери ќе ни се приклучат уште десетина градови од Македонија. Досега од Куманово имаме пријавено 70 наши членови  кои ќе присуствуваат на оваа заедничка дружба, а од другите градови очекуваме од 300 до 400 посетители. Немаме посебна причина поради што ја закажуваме средбата, туку скаме сите да се дружиме и размениме мислења, искуства, релаксирано да поразговараме за нашите активности и  да го посетиме меморијален центар - рече Симо Ташевски претседател на Здружението на  инвалидските пензионери од Куманово.

     Покрај Меморијалниот музеј АСНОМ, пензионерите ќе ја посетат и црквата „Свети Ѓорѓи„ во Старо Нагоричане.