×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Песна за почината учителка ги освои Детските Pацинови средби

    17.11.2010 16:56 | KumanovoNews

    Деа Алексовска, ученичка во осмо одделение во основното училишта „Кристијан Тодоровски Карпош“ од селото Младо Нагоричане, го освои првото место на Конкурсот за литературни творби на Детските рацинови средби во Велес.

    Песна за почината учителка ги освои Детските Pацинови средби

    Песната „Од училишниот споменар“, е прогласена за најдобра во конкуренција на 750 творби на ученици кои пристигнале на Конкурсот. Деа својата песна ја посветила на учителката која прерано заминала од овој свет.

    Мојата песна е посветена на мојата учителка Наташа Трендафиловска, која прерано почина. Таа имаше само 36 години и беше прекрасен педагог и човек, и сите многу ја сакавме. Кога пристигна конкурсот, седнав сама во дворот и почнав да размислувам за што би можела да пишувам. Оддеднаш почнаа да ми се враќаат спомените и почнав да пишувам за она што се случи. Излезе прекрана песна, која ја посветив на учителката. Могу сум среќана што песната ми е наградена и тоа ќе ми биде потик да продолжам понатаму - изјави Деа.

    Од училишниот споменар

    За моите пресреќни училишни дни,
    поминати во клупите на секој нов час.
    За тебе учителке со недовршени сни,
    Што смртта прерано те отргна од нас.

    На патот кон училиштето брзо итав,
    на моето детско лице-насмевка што ме следи.
    А оддеднаш на главниот влез прочитав,
    солзите сами капеа, ги криев од туѓи погледи.

    Тогаш, занемена, тагата радоста ми ја зема
    не, не е можно да ја нема учителката мила,
    не дозволи да дознаеме дека за пат долг се спрема
    да танцува со облаците мојот ангел, со скршени крила.

    Ах таго за насмеани очи
    што ме пресретнуваа во ходникот меѓу секој час,
    прерано отиде на вечниот помин,
    не престанувам да липам, тивко и без глас.

    Школо мое не фрлај ја во заборав,
    дадов ветување дека секогаш ќе ја сакам,
    и никогаш нема да ја преболи срцето мое скинато,
    Учителката најмила, што прва ми подаде рака.

    Ах, зошто така таго
    дружењето наше го скрати?
    Ми го одзема лицето драго
    и без прашање, на далеку го прати.

    О солзи запрете веќе!
    Гордо да можам од учителката да се простам.
    „Догледање“ ти велам за последен пат
    о солзи, доста, доста.

    Догледање повторувам во себе
    не верувајќи дека дојде и тој проклет час,
    во ходникот мртва тишина, само лица бледи
    тогаш сфатив-смртта те отргна од нас.

    Елегични зборови, за тебе редам,
    те замислувам жива со очи полни жар,
    со другарите во школските клупи додека седам,
    на тебе ти го посветувам овој споменар.

    А ти најмила ѕвездо што паѓаш
    не се сомневај во детската љубов чиста,
    во моите мисли често доаѓа
    насмена, ведра-секогаш иста.

    Песните на Детските рацинови средби ги оценувала жири комисија составена од познати писатели од државата. Деа како првонаградена, добила 10 дневно летување во Охрид, како подарок од Општината Велес.

    Награди и пофалници за литературни и ликовни творби добија и ученичките Јована Петковска, Андријана Митевска и Ирена Стефановска.

    По тој повод градоначалникот на Општината Старо Нагоричане, Миодраг Јовановиќ денеска приреди прием за наградените ученици, нивните ментори и директорката на училиштето, на кои им доделени книги и благодарници.

    Многу ми е драго што училиштето Христијан Карпош, се закити со толку висока награда и признание. Сето тоа што го вложуваме во образованието дава резултати, бидејќи внесовме еден нов квалитет во работењето. Ние се надеваме дека по оформувањето на своето образование, нашите ученици како успешни луѓе ќе се вратат да го пренесат своето знаење за развој на општината - рече Јовановиќ.

    Директорката Виолета Станковска исто така е задоволна од постигнатите резултати на своите ученици и вработени и откри дека училиштето постојано се кити со награди што нивните ученици ги освојуваат на натпреварите во земјата и странство.