×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пијан ја малтретирал невенчаната сопруга

    12.01.2011 16:22 | KumanovoNews

     С.Ц.(34) од Куманово заработи кривична пријава, под сомнение дека сторил кривично дело – “насилство“. Имено, пријавениот вчера, откако се напил во вечерните часови отишол во станот на Ј.М.(39), со која предходно живееле во вонбрачна заедница за да го види нивното бебе.

    Пијан ја малтретирал невенчаната сопруга

    Тогаш започнал да се расправа со жената, а потоа и да ја влече за косата и облеката, по што неколкупати ја удирил по лицето. Откако,таткото на оштетената се обидел да го спречи и да ја одбрани својата ќерка, С.Ц. од појасот извадил пиштол и им се заканил дека сите ќе ги убие. Насилито го продолжил кога од џебот извадил нож на расклопување и го фрлил кон таткото, нанесувајќи му повреда на раката. Сепак таткото на оштетената успеал пијаниот зет да го истурка  од станот. Во турканицата пријавениот ги искршил стаклото од собната врата и влезната врата од станот.

    Со цел да се разберат за целата работа С.Ц. тргнал со таткото на жената кај неговите родители. Додека се возеле кон населбата Карпош пријавениот викал и се расправал со оштетениот и во еден момент удрил во ветробранското стакло и го скршил. Откако пристигнале во куќата на неговите родители, го сочекала полицијата и истиот бил приведен во СВР Куманово каде што е алкотестиран и е констатирано дека има 2,02 примили алкохол во крвта.

    Инаку, пријавениот е познат сторител на кривични дела за што му се поднесувани кривични пријави и тоа за: “убиство“, “силување“, “тешка телесна повреда“, “разбојништво“ и повеќе “тешки кражби“ и “кражби“.