×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пијан татко малтретирал ќеркичка

    16.10.2010 10:26 | KumanovoNews

     Драган Ј.(39) од Куманово, пијан ја малтретирал и физички ја нападнал својата ќерка, по што ја натерал боса да оди по улицата „Тоде Думба„ пред куќата во која живее.

    Пијан татко малтретирал ќеркичка

    Семејното насилство се случило мината недела кога Драган ги повикал своите две ќерки да дојдат кај него, бидејќи живееле со мајка им откако сопружниците се развеле. Како што кажуваат соседите, кога помалото дванаест годишно девојче околу 14 часот пристигнало на гости, таткото бил веќе пијан и почнал да се расправа со неа затоа што не дошла и сестра и. Со цел да го смири таткото, детето се пофалило дека мајка му и купила нови чизмички. Но, наместо да го израдува тоа уште повеќе го испровоцирало, при што и ги фрлил чизмите низ прозор, а по неа почнал неконтролирано да вика и да и бара пари за да купи ракија. Кога девојчето одбило да му ги даде парите што ги имала за такси, што ги добила од мајката за да се врати дома, тој ја фатил за рака и боса ја извел на улица и почнал со сила да ја влече и да ја турка да оди со него да купат алкохол. Истовремено се скарал и со соседот од кого побарал да му даде нешто за пиење. Исплашено девојче успеало да се отргне од него, си го собрала чизмите и ранецот и побегнала. Дома раскажала на мајката што се случило, по што пријавила во полиција. Соседите го потврдиле случајот по што насилникот бил приведен. СВР Куманово поднесе кривична пријава против Драган.Ј. од Куманово , за кривично дело „ Телесна повреда„ при семејно насилство.