×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Писателот Петар Андоновски на фестивалот „Виленица“ во Словенија

    13.09.2019 08:18 | KumanovoNews

    Кумановскиот писател Петар Андоновски од 11 до 15 септември, гостува на Меѓународниот литературен фестивал „Виленица“ во Словенија, кој го организира асоцијацијата на писатели на Словенија во соработка со Центарот за култура „Виленица“.

    Писателот Петар Андоновски на фестивалот „Виленица“ во Словенија

    Тема на годинешното 34. издание е „Его и фабула“, а фестивалот ќе се фокусира на жанрот автобиографија.

    „Ќе учествувам на тркалезна маса со останатите учесници и имам читање во Љубљана и во Штањељ“. Инаку, ќе читам делови од мојот роман „Телото во кое треба да се живее“,- вели писателот Андоновски.

    Во романот станува збор за невозможноста, да си го сакаме телото поради насобраните стравови и потиснати желби. Ова е роман кој го отвора филозофското прашање: зошто за човекот неговото тело е кафез, а не храм во кој треба да го негува неговиот дух? Андоновски, со „прераскажувањето“ на приказната за адвокатката и осуденикот успева да допре до најдлабоките прашања за човековата природа и општествената зарообеност.

    Меѓународниот литературен фестивал „Виленица“ е основан во 1986 година, а се одржува на повеќе локации во Словенија: Љубљана, Кочевје, Копер, Сежана, Штањел, Храстник и Копер, но и во пештерата Виленица.

    Петар Андоновски (32) од Куманово е автор на книгите: „Ментален простор“ (поезија, 2008), „Очи со боја на чевли“ (роман, 2013), „Телото во кое треба да се живее“ (роман, 2015), за кој ја доби наградата Роман на годината, како и неговиот последен роман „Страв од варвари“ (роман, 2018).