500x100-1
09. 06. 2019 22:10

Планинар од Куманово доживеал срцев удар на Шапка и со хеликоптeр е пренесен во болница

Планинар од Куманово доживеал срцев удар на Шапка и со хеликоптeр е пренесен во болница

Планинар кој наверојатно доживеал срцев удар додека се движел со група на релација Бозовце – Скакаличко езеро, денеска со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи од Шар Планина е однесен на скопските клиники.

Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, член на планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово во 11 часот се јавил во полиција и информирал дека на еден учесник на планинарската тура од Куманово му се слошило.

„Планинарите според симптомите востановиле дека се работи за срцев удар. Затоа се јавиле во МВР, а поради оддалеченоста на Шар Планина побарале од полицијата да испрати летало за да се овозможи итна лекарска помош“, изјави Јосифоски.

По дојавата, од МВР е испратен хеликоптер, а полициските службеници по пристигнувањето на посочениот предел на Шар Планина успеале да ја лоцираат групата. Планинарот кој давал знаци на живот е пренесен во Клиничкиот центар во Скопје.