×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По 5 години во среда ќе почне судењето на Дедо Љубе

    11.01.2018 11:33 | KumanovoNews

    Во Основниот суд Куманово, во среда на 17 јануари, ќе почне судскиот процес против Љубомир Митев (78) од кратовското село Којково, кој во самоодбрана во својата куќа застрела двајца разбојници, од кои едниот го усмрти, а другиот го рани, бидејќи го малтретирале и сакале да го ограбат.

    По 5 години во среда ќе почне судењето на Дедо Љубе

    Во април 2015 година, по барање на адвокатите на Дедо Љубе поради одредени пропусти, обвинението беше укинато и предметот се врати во истражна постапка. Дедо Љубе беше обвинет за три кривични дела: убиство во миг, убиство во обид и недозволено поседување на оружје, затоа што го убил Зоран Златков(28) и го ранил Борчо Иванов(30), откако неколку часа го измачувале и се заканиле дека ќе ги убијат него и неговата неподвижна бабичка ако не им ги даде парите.

    Разбојништвото се случи на 27 февруари 2013 година во трошната куќа во планинското село Којково, кога двајцата натрапници насилно влегле во домот на старците и почнале да се изживуваат. На дедо Љубе му ставиле најлон во уста го турнале на земја и го тепале, а потоа го врзале со јаже за столче, додека бабата ја покриле со ќебе и ја малтретирале. Потоа отишле во другата соба да ги бараат парите. Дедо Љубе го искористил нивното невнимание и се одврзал, заминал во подрумот и ја земал ловечката пушка од која пукал.

    Од измачувањето бабата го изгуби говорот, а Дедо Љубе се здобил со трајни последици по здравјето.

    Пред почетокот на судењето јавноста бараше ослободување на Дедо Љубе, бидејќи сметаше дека старецот бил нападнат во својот дом и  во самоодбрана ги извршиле делата за што се товари.

    Разбојникот Иванов кој преживеа е осуден на 8 години затвор.