×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По четврти пат се чисти дивата депонија на влезот на „Перо Чичо“

    31.08.2019 10:28 | KumanovoNews

    По четврти пат годинава се чисти најголемата дива депонија во центарот на Куманово, на влезот на населбата „Перо Чичо“.

    По четврти пат се чисти дивата депонија на влезот на „Перо Чичо“

    Се очекува од депонијата да се изнесат најмалку петнасетина камиони смет и шут што несовесните граѓани го фрлаат во овој дел од градот.

    „Оваа депонија не ја создаваат само граѓаните кои живеат во населбата туку и дивите транспортери со култиватори, кои ни предизвикуваат сериозни проблеми низ целиот град. Во последно време депонијата често ја палат, со што се загадува воздухот не само во населбата, туку и на Октомвриска револуција и Градскиот кеј. Депонијата е зараза за целиот град. Со цел да ставиме крај на оваа појава од понеделник со СВР Куманово и инспекциските служби ќе започнеме акција на засилени контроли и казнување на граѓаните кои на лице место ќе бидат фатени како го истураат сметот“, - изјави Даниел Стојчевски, директорот на ЈП „Чистота и зеленило“.

    Тој ги повика дивите собирачи на смет да ги користат поволностите што им го овозможува Oпштината и за минимални средства да го депонираат сметот на градската депонија „Краста“.

      Жителите од населбата велат дека попусто се чисти депонијата, бидејќи за неколку денови се ќе биде по старо. Затоа бараат надлежните да удрат по џебот на оние кои ја создаваат, затоа што молењето не дава резултати.