×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • По што ќе остане запаметена 2010 година

    11.01.2011 10:59 | KumanovoNews

    Кој позитивен и негативен настан ја одбележа минатата 2010 година? Ова прашање го поставивме на повеќе јавни личности и политичари во градот. Ги пренесуваме одговорите на оние што го удостојиа Kumanovonews да ги споделат нивните впечатоци од мината година, со нас и нашите читатели. 

    По што ќе остане запаметена 2010 година

    Драган Јаневиќ, политичар

    Во Куманово во 2010 година, позитивен настан по мене беше воведување на српски и ромски јазик како службен јазик во употреба на седници на Совет на општина Куманово. Тоа го покажува високиот демократски капацитет на сите политички чинители кои учествуваат во работата на градскиот Совет.Потоа следува пуштањето на гасификација во градот и трендот на градба на капитални инфраструктурни објект. За пофалба е и тоа што градот ни е се почист и посреден.

    Како негативни настани кои ја одбележаа мината година се немањето вода за Нова 2010 година и неколку пати потоа, како и  продлабочување на сиромаштијата во државата.

    Светлана Антиќ-Јовчевска, новинар

    Не е за заборавање тоа што конечно новинарите во РМ се свестија да формираат Самостоен синдикат за заштита на новинарството, кое на одреден начин го креира или не, јавното мислење во државава. Имам чувство дека овој општествен субјект полека и со многу напори ќе одигра голема улога за подигање на одамна изгубениот кредибилитет на професијата.Од друга страна пак, изберено е ново раководство на ЗНМ кое барем според најавите заедно со Синдикатот ќе зазема ставови какви што за оваа чувствителна професија одамна се заборавени и запоставени. Првата деценија од 21-то столетие за мене ќе биде забележана по будењето на новинарството, кое ја проектира сликата на државата во сите сегменти.

    За жал 2010-та година ќе биде запаметена по многу афери, апсења, уривања на моралноста, по сиромаштијата, се поголем број печалбари од Куманово, по проблемите со водоснабдувањето на градот, по многу лични трагедии. Но и по неизоставните партиско-политички препукувања, навреди и недоличности на сите припадници од политицките блокови, по поделби од секој аспект, по безнадежноста на стецајците, по празни ветувања од странските претставници кои "водат"грижа за нас и за нашата држава,...

    Виктор Цветковски, претседател на Совет

    Советот на Општината Куманово минатата година донесе една многу значајна одлука за употреба на српскиот и ромски јазик и на сите други националности што партиципираат и ќе партиципираат во  Советот на Општина Куманово. Со таа одлука општината се претстави не само во Република Македонија, туку во регионот и пошироко, како општина која живее во меѓусебна мултикултурна и мултиетничка толеранција. Тоа е одлука која на Општина Куманово и обезбеди место на почит и респект. Исто така за одбележување е и донесувањето на деталниот урбанистички план за централното градско подрачје, каде што се опфатени два крупни проекти: тоа е подземната гаража под малиот плоштад и изгрдбата на оштинската зграда.

    Нема ништо што можам да го издвојам како негативно бидејќи Советот работи конструктивно и во позитивна атмосфера, вклучувајќи ги сите политички партии и сите членови на советот. Сите даваат максимум во делот на донесувањето на одлуките. Има политички натпревар, но тоа легитимно, но по завршувањето на седницата сите излегуваме како луѓе кои се почитуваат и даваат свој придонес во градот.

    Иван Анастасовски, професор

    Позитивен настан во Куманово за мене беше одигрувањето на меѓународниот пријателски фудсал натпревар во Куманово на 19. октомври во спортската сала кој заврши со победа на нашата селекција над надмоќниот тима на Горниот Албион. Но мојата поента не е во резултатот и играта на тој натпревар, тука во моментов каде во разговор со преставниците на Англиската фудбалска федерација кои беа гости во нашиот град, а во исто време и за првпат ја посетуваат нашаат држава, со големи инпресии разговараа за тоа што претставува нашиот град и какви спомени ќе однесат во Англија од посетата на Куманово. Поедноставно јас незнам за подобра културна, спортска, образовна или друга промоција од оваа што се случи тој ден за нашиот град.

    Негативен настан во Куманово не би можел да посочам еден пример конкретно, негативните настани во нашиот град се нотираат генерално во билтените на СВР Куманово, оти секој таков настан остава негативна, лоша слика на градот. Затоа се обидувам многу брзо да ги заборавам негативните настани во целина, а тоа значи и во нашиот град.За крај мислам дека нашите граѓани треба да гледаат позитивно и само така ќе ни се случуваат мноштво убави и позитивни настани и затоа би сакал да им ги честитам новогодишните и божиќните празници на граѓаните на Куманово.

    Виктор Божиновски, директор

    Морам да кажам дека 2010 година на општествен и политички план беше најлошата досега за Република Македонија.Ние во Куманово сепак имаме среќа што локалната власт на сосема друг начин ги решава проблемите,и многу поуспешно се спрвува со предизвиците. Најлоши настани за мене се: толалното помрачување на сите слободи од актуелната власт, чувствoто на страв, она што се случуваше во некои медиуми е голем минус за демократијата, економските проблеми, безидејноста во решавањето и соочувањето на проблемите и обидите да се сокријат под тепих.

    На локално ниво најдобро беше тоа што 2010 година ни започна со концертот на Северина Вучковиќ. Мислам дека тоа беше најдоброто нешто што ни се случи во културниот живот во градот. Станува збор за незаборавен концерт,исто како и концертот на Харис Џиновиќ,  кој беше еден од најпосетените концерти во Куманово.