×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Почина музичарот Драгомир Шојиќ

    21.08.2018 13:01 | KumanovoNews

    По кратко боледување утринава на 68 годишна возраст почина познатиот кумановски музичар, еден од најдобрите балкански тамбураши Драгомир Шојиќ - Шојка.

    Почина музичарот Драгомир Шојиќ

    Шојиќ е роден на 28 ноември 1950 година во Куманово. Завршил нижо музичко училиште во Куманово и средно музичко училиште во Скопје, отсек виолина.  Професионално се занимавал со музика, свирел во повеќе кумановски групи и оркестри.

    Во 1968 година е еден од оснивачите на првата рок група во Куманово „Глечери“, а потоа членувал и во поп групата „Нај, нај“. Настапувал на „Заечарска гитаријада„ и други престижни рок манифестации во земјава и странство.

    Во 1986 влегува во тамбурашката музика и го формира Тамбурашкиот оркестар на Драгомир Шојиќ. Се смета за зачетник на тамбурашкото музицирање во Куманово, поради што редовно учествува на Кумановскиот тамбурашки фестивал, но и на сите останати познати тамбурашки фестивали на Балканот и пошироко. Има освоено повеќе награди и признанија.

    Во 1990 година неговото свирење е опеано во легендарната песна „Тамбурите на Шојиќ“, која е прогласена за една од 10 песни на столетието.

    Смртта го спречи да учествува на годинешниот Тамбурашки фестивал во Куманово,  каде требаше да биде специјален гостин на два оркестри.

    Погребот ќе биде утре (среда) во 13 часот на Градските гробишта во Куманово.