×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подароци за децата на вработените во „Чистота“ и „Водовод“

    03.01.2019 15:33 | KumanovoNews

    Христијанско-протестанската црква од Куманово, подели 400 пакетчиња за децата чии родители се вработени во јавните претпријатија „Чистота и зеленило“ и „Водовод“.

    Подароци за децата на вработените во „Чистота“ и „Водовод“

    Пакетчињата се подарок од нивни врсници од Германија, по повод христијанскиот празник Божиќ.

    Ова е симболичен подарок од децата на нашите верници за своите другарчиња во целиот свет. Така да и ние по повод одбележување на Божиќ на 6 и 7 јануари, сакаме да им ги разубавиме празниците на нашите најмили од 8 до 14 години. Не правевме селекција, независно дали децата доаѓаат од сиромашни или богати семејства, сите подеднакво добија подароци, оние што се евидентирани во списоците. Сакаме да пратиме порака дека сите сме исти кога примаме подароци, но истоа така треба и да даруваме и да бидеме хумани, да ги сакаме луѓето околу нас, - изјави Зоран Колевски, пастор од Христијанско-протестанската црква од Куманово.

    На настанот присуствуваше и градоначалникот Максим Димитриевски.

    Од 1997 година до сега организирани се повеќе акции од Христијанско-протестанската црква и поделени се околу 70.000 подароци во Куманово.