×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подмладено новото општинско раководство на ВМРО-ДПМНЕ

    04.05.2018 05:59 | KumanovoNews

    Новиот претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Куманово, Бране Петрушевски, до крајот на неделата ќе го промовира новото партиско раководство кое во наредните 4 години ќе го води огранокот.

    Подмладено новото општинско раководство на ВМРО-ДПМНЕ

    Петрушевски за Кумановоњус изјави дека ќе има подмладување на партиското раководство, но не сакаше да каже кој ќе биде дел од неговиот тим.

    Општинскиот комитет во Куманово брои над 30 членови, 12 ќе добијат места по функција, останатите дваесетина ги бира новиот претседател.

    Неофицијално,  потпретседатели ќе бидат Филип Филиповски и Тихомир Алексовски, секретар Оливер Цветковски, а членови Дејан Георгиевски, Срѓан Ивановски, Александар Стојановски, Дејан Јовановски, Радован Ристовски, Сузана Кузмановски, Бобан Николовски, Сашо Стошевски и др.

    По функција ќе членуваат: Игор Божиновски од извршниот комитет,  пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, координаторот на советничка група Драган Петковски, претседателката на жени Емилија Трајковска, претседателот на ветерани Драган Јаневски, претседателот на млади Никола Перовиќ и претседатели на 6 месни заедница.

    Предлог листата на општинскиот комитет треба да помине на централниот и извршен комитет во Скопје, по што ќе се промовира во јавноста.