×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поднесени известувања против четворица угостители и тројца инспектори

    28.08.2018 14:12 | KumanovoNews

    Кумановската полиција поднесе известување за узурпација на недвижности против сопственици на четири угостителски објекти затоа што поставиле натстрешници на јавна површина, како и против тројца инспектори за несовесно работење во служба

    Поднесени известувања против четворица угостители и тројца инспектори

    Според сопштението од МВР, СВР Куманово во четири одвоени случаи до надлежното ОЈО  поднесе известувања против лицата Н.П. (26), М.Ј. (47), Б.Ѓ. (51) и Д.М. (39) сите од Куманово, како и против правните лица во кои лицата биле управители:„СТЕНИКО БАР“, „ВЕРМА-БЛУ“, „ПАДРОНЕ“ и „ПИНУС КОМПАНИ“, за сторено кривично дело узурпација на недвижности.

    Исто така во врска со тие случаи поднесено се и известување и против лицата О.П.(58) од Кратово, В.Л. (64) и А.Т. (52) двете од Куманово,  за сторено кривично дело несовесно работење во службата. Имено во текот на 2017 година, пријавените Н.П., М.Ј. Б.Ѓ. и Д.М. и нивните фирми постапувајќи спротивно на Одобренијата за вршење дејност пред деловен објект изградиле метални конструкции (натстрешници) на парцели сопственост на Р.М., односно узурпирале вкупно околу 170 метри квадратни земјиште сопственост на Р.М. Пријавените О.П. и А.Т. (во еден случај) како овластени градежни инспектори во Секторот за инспекциски надзор во општина Куманово, при извршена контрола, констатирале дека изградбата на објектите е спротивна на Законот за градење, по што со решение наредилe отстранување на бесправно изградените конструкции.  Откако инвеститорите не ги отстраниле градбите, О.П. и А.Т. донеле Заклучоци за дозвола за извршување и за понатамошна постапка ги предале предметите на В.Л., раководител на сектор за инспекциски надзор – Инспекторат, при што не изрекле парични глоби на правните и одговорните лице во износ од по 9.100 евра на штета на Буџетот на Р.Македонија.

    Пријавената В.Л. не извршила должен надзор над работењето на градежниот инспектор, а отстранувањето на бесправно изгрaдениот објект не го ставила во Програмата за уривање и не презела натамошни активности и мерки против инвеститорите и овластените лица.