×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Подобри услови за живот на лицата со хендикеп

    04.03.2010 15:47 | KumanovoNews

    Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост во соработка со „Хендикеп Инетернационал“ и техничка поддршка од амбасадата на САД, денеска одржаа работен состанок со претставници од локалната власт и невладиниот сектор.

    Подобри услови за живот на лицата со хендикеп

    „Со процесот на децантрализација сите потреби на лицата со попреченост ќе бидат на локално ниво. Со тоа ќе се создадат можности да ги кажат своите приоритети и заеднички да најдеме начин како тие да бидат реализирани за да се подобри животот на овие лица. Тоа ќе значи  подобри услови за живеење без дискриминација, подеднаков пристап до инфраструктурата, информациите и услугите што ги нуди општината за своите граѓани“ - изјави д-р Василка Димоска, менаџер на проектот.

    Општината Куманово е една од трите во државата, покрај Охрид и Виница што влегува во овој проект и покажа најголема спремност за соработка. Финалниот производ на локален акционен план ќе има определена временска рамка, по што проектите ќе бидат промовирани во Скопје. Претходно беше потпишан Меморандумот помеѓу општината и здруженијата кои се залагаат за правата на лицата со попреченост, Министерство за труд и социјала и работните организации кои вработуваат лица со попреченост.

    Состанокот се одржа во просториите на општинската организација на Црвениот Крст.