×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поетите од Струга на гости во Куманово

    20.08.2010 13:44 | KumanovoNews

    Поетите од светот, кои што учествуваат на годинешниве Струшки вечери на поезијата во понеделник ќе се одржат поетско читање во Куманово.

    Поетите од Струга на гости во Куманово

     Пред кумановската публика ќе се претстават шест поети од странство, а учеството ќе земе и добитникот на наградата „Браќа Миладиновци“, младиот поет Владимир Мартиновски.

    Вчера започнаа Струшките вечери на поезијата една од најголемите манифестации во нашата држава. Ние како Општина Куманово сакавме дел од тамошната атмосферса да пренесеме во нашиот град. Во понеделник по завршувањето на поетската манифестација во Струга, во Куманово ќе дојдат група на поети кои ќе се претстават со дел од своето поетско творештво. Во Куманово ќе дојдат поети од Данска, Албанија, Шпанија, Панама, Србија и Русија - вели Нада Ивановска, директорката на библиотеката „Тане Георгиевски“.

    Песните ќе бидат читани на нивниот мајчиниот јазик, а ќе бидат преведени и на македонски јазик што ќе ги интерпретира познатата кумановка артистка Кети Дончевска - Илиќ.

    Покрај во Куманово, поетите ќе гостуваат во поголемите градови во Македонија, претставувајќи ги нивните поетски дела пред пошироката македонска јавност. Манифестацијата е закажана во 20.30 часот на Градскиот кеј.