×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицаец улови преместување

    11.05.2010 13:05 | KumanovoNews

     М.С.(29) командир во полициска станица на Железничкиот граничниот премин „Табановце„ е прераспореден од должноста, поради тоа што учествувал во лов на диво животно.

    Полицаец улови преместување

     Мерката му е изречена мината недела по спроведената дисципплинаска постапка поради повреди во работењето, согласно одредбите од Колективниот договор на МВР.

     Граничниот полицаец М.С.на 17 јануари годинава бил фатен со уште тројца негови пријатели, додека се враќале од лов во Старо Нагоричане. Во „лада нива„, се возеле О.С. (36), С.З.(36), С.С.(54) и М.С (29) и во багажниот простор била пронајдена убиена срна. Полицијата предходно добила информација за незаконскиот лов, при што со ловочуварска служба од Куманово го запреле возилото на местото викано Драгоманска кривина на регионалниот пат Пелинце-Куманово. Со Законот за лов забрането е ловење на срна и кривично се одговара.