×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицајци пуштиле Бугарка со забрана да влезе во државата

    05.10.2010 09:26 | KumanovoNews

     СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Ш. (29) од Куманово, полициски службеник  на граничниот премин „Табановце“, за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и Д.Џ. (27) од с.Боговиње, полицаец на преминот „Долно Блаце“ за кривично дело „поттикнување“ во горенаведеното кривично дело.

    Полицајци пуштиле Бугарка со забрана да влезе во државата

     Во септември годинава на меѓуграничниот простор на Македонија и Србија, се сретнале полицајците и се договориле на бугарска државјанка да и овозможат влез во државата иако имала изречена мерка „забрана за влез во Р Македонија“. По ова, Б.Ш. влегол во кабината и на шифра од друг полициски службеник и овозможил влез на Бугарката без да ги внесе податоците за истата и патничкото возило во електрoнскиот систем за евиденција.