×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицијата пошумуваше во Слупчане

    19.11.2010 16:10 | KumanovoNews

     Првите луѓе на СВР Куманово со останатите полицајци денеска пошумуваа во селото Слупчане.

    Полицијата пошумуваше во Слупчане

     Началникот Љубомир Ѓурчевски и раководителите на одделенијата одлучиле оваа година да се влучат во акцијата "Ден на дрвото - засади ја својата иднина„  во Општината Липково.

    Раководниот кадар на СВР Куманово, дојде да пошумуваме во Слупчане. Во убав амбиент и во добро расположение, како што гледате и самите успешно ја извршуваме нашата граѓанска должност и помагаме овој регион да се озелени. Со омасовување на оваа акција за неколку години ќе се чувствуваат и благодетите од сегашниве активност - рече началникот Ѓурчевски.

    Во Општината Липково оваа година за пошумување беше одредена локацијата над складот на Макпеторол, а учество зедоа учениците, АРМ и локалните жители.