×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицијата превентивно ќе делува во трговијата на деца

    22.04.2010 12:26 | KumanovoNews

     СВР Куманово со подршка на  мисијата на ОБСЕ, одржа состанок на локалниот совет за превенција на тема "Спречување на трговијата со луѓе со акцент на трговија со деца.

    Полицијата превентивно ќе делува во трговијата на деца

     Полицијата најави дека ќе преземе повеќе чекори за превенција и едукација на ученици од повисоките класови и средните училишта.

    "Ќе делуваме со други институции преку информирање,лобирање, едукација и директна помош на жртвите од трговијата со луѓе. Ќе одржиме предавање во училиштата,а ќе се изработат и дистрибуираат информативни материјали "- вели Виолета Богдановска, началник на Одделението за превенција.

    Од невладината организација "Отворена порта" се вклучуваат во овој проект во повеќе градови од државата.

    "Освен работилници со ризичните групи и трибини со претставниците од општините за недискриминација,преку проектот за јакнење на капацитетите се обзбедува и сместување за жртвите од трговијата со луѓе во прифатилиштето како и економско јакнење на жртвите и нивно вклучување на пазарот на работна сила "- информира, Марија Тодоровска од "Отворена порта".

    На денешниот состанок,освен претставници од СВР Куманово,учествуваа претставници од општината,од здравствениот сектор, образованието и невладините организации.