×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полицијата проверуваше колку возачите знаат да укажат прва помош

    11.07.2018 14:25 | KumanovoNews

    Симулациска вежба - укажување прва помош при скршеници, денеска организираа Отсекот за превенција од СВР Куманово и волонтери од општинската организација на Црвениот Крст Куманово.

    Полицијата проверуваше колку возачите знаат да укажат прва помош

    Полициските службеници по случаен избор запираа автомобили и бараа од возачите да укажат прва помош на повредено лице.

    „Поентата на оваа акција е да се потсетат возачите на моторните возила што е нивната обврска и која е улогата во случај на сторена сообраќајна несреќа,- изјави Марјан Павличек, самостоен инспектор за сообраќај од отсек за превенција од  СВР Куманово.

     Истовремено волонтерите од Црвениот крст ги потсетија учесниците во сообраќај како да санираат повреди.

     Припадниците на СВР Куманово, денеска во населбата „Перо Чичо“ поделија едукативни флаери за заштита од пожари и заштита на шумите од пожари, а воедно на непрописно паркираните автомобили на тротоарите оставија флаери кои се дел од проектот „Да ги вратиме тротоарите на пешаците“.

                               (фото-архива)