500x100-1
09. 08. 2018 16:37

Полициски инспектор со лажна факултетска диплома напредувал во службата

Полициски инспектор со лажна факултетска диплома напредувал во службата

 Инспектор во СВР Куманово, се стекнал со лажна диплома, која потоа ја искористил за напредување на работното место

Кумановската полиција поднесе кривична пријава Г.Т.(46) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело поттикнување и продолжено кривично дело употреба на исправа со невистинита содржина и против З.К.(52) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и продолжено кривично дело фалсификување исправа.

Во текот на 2007 година првопријавениот Г.Т., инспектор во СВР Куманово, стапил во контакт со второпријавениот З.К., кој работел како референт за студентски прашања на Педагошки Факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје и го поттикнал да му обезбеди Уверение за завршен факултет.  

З.К. го запишал Г.Т. како студент на дообразование, а потоа без да ги полага испитите, му изготвил фалсификувано Уверение за завршен VII/1 степен образование со стручен назив дипломиран професор за предучилишно воспитание.

По ова, првопријавениот, фалсификуваното уверение го употребил во правниот сообраќај и премолчувајќи го незаконски стекнатото високо образование, од 23.01.2009 година бил распореден на работно место со утврдено високо образование - раководител на смена во полициско одделение за граничен премин Пелинце, по што продолжил со напредување во службите на МВР.

На овој начин пријавените нанела штета на Буџетот на Република Македонија и на Државниот универзитет.