×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Полскиот амбасадор го посети Куманово

    13.05.2010 14:09 | KumanovoNews

     Полскиот амбасадор Карол Башура денеска беше во официјална посета на Општината Куманово.Со Градоначалникот Зоран Дамјановски разговараа на повеќе теми и можности за соработка, а едната од нив беше Коцертот што ќе се одржи во Кумановопо по повод 200 години од раѓањето на полскиот композитор Фредерик Шопен.

    Полскиот амбасадор го посети Куманово

     Нашето пријателство е од поодамна и по сите средби во амбасадите, денеска успеавме да направиме официјална посета за да ги запознае сите специфики на градот. По повод деновите на познатиот композитор Шопен на 19-ти мај во Центарот за култура ќе се одржи коцерт и затоа изразувам благодарност до амбасадата на Полска. Разговаравме за идна соработа и нашите односи со полските градови, членки на Асоцијацијата на мир и тоа беше наше прво врзување со полските пријателски народи и секако пријателска држава - изјави градоначалникот Дамјановски.

     На средбата станало збор и за соработка на полето на културата преку размена на уметници на колонии, фестивали и други манифестации.

    Куманово му е познато уште од 2008 година кога бев во својство на набљудувач на изборите. Градоначалникот, денеска ме информираше за проектите на кои работи Општината и особено интересни беа оние од областа на екологијата.Оваа доволно говори дека граѓаните на Куманово ги чека светла иднина и сигурен сум дека за големиот јубилеј 500 години од постоењето на градот ќе го дочека како дел од Европската унија -рече амбасадорот.

     Денешната посета амбасадорот ја искористи да посети неколку стопански капацитети во градот, погоните на Џино во поранешен ЧИК и неколку културни знаменитости.