×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Помен на борците на Зебарњак

    17.10.2010 22:13 | KumanovoNews

    На Спомен костурницата на паднатите српски војници во недела на 24. октобри  во 11 часот свечено ќе биде обележена 98. годишнината од Кумановската битка од 1912. година, која била одлучувачка за Првата балкански војна.

    Помен на борците на Зебарњак

    Во организација на Амбасадата на Република Србија во Македонија, Српските заедници и општината Старо Нагоричане на свечаноста ќе бидат положени венци и ќе се оддаде помен на паднатите војници.

    На свечаноста ќе зборува амбасадорот на Србија Томислав Ѓурин.

    Како што е најавено, обраќање ќе имаат и представници од владите на Македонија и Србија, а историски час за  значењето на Кумановската битка на Зебарњак ќе одржи историчарот Славенко Терзиќ.

    Во уметничката програма ќе учествуваат хорот „Браќа Барух" од Белграда и „Менада" од Тетово, драмски уметници Лепомир Ивковиќ и Танасије Узуновиќ. Беседа ќе одржи Гордана Стојковска, а стихови ќе читаат членовите од Драмското студио „Даница„ од  Српската заеднице во Македонији. Во програта ќе учествуваат и членовите „Вук Караџиќ" од Кучевиште.