×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Поп Арсов: Ќе ги посетам стечајците кога ќе имам решение за нивниот проблем

    29.12.2009 02:01 | KumanovoNews

    Стечајните работници веќе три недели штрајкуваат со глад. Досега никој од владините институции, ниту пратениците од Куманово не најдоа време да ги посетат и покрај најавите на стечајците дека ќе останат на своите барања и по цена на сопствените животи.

    Поп Арсов: Ќе ги посетам стечајците кога ќе имам решение за нивниот проблем

    Како пратеник ќе се залагам да го актуелизирам ова прашање за да се најде решение кое ќе биде издржано и ќе го реши проблемот на стечајците. Секое политизирање на проблемот не оди во корист на стечајците, туку ќе биде искористенo само за дневно политички активности, независно дали се работи за позицијата или опозицијата. Најважно е да се најде решение кое трајно ќе го реши проблемот на оваа група на граѓани - изјави пратеникот Петар Поп Арсов.

     На прашањето зошто сеуште не ги посетил стечајците Поп Арсов одговори:

    Како пратеник поединец, мислам дека нема многу да им помогнам. Моето залагање во институциите на Собранието е можеби најголемата помош што на нив им е потребна. Така да не сакам да бидам лицемер и несакам да ги посетам само колку да се сликам, а потоа ништо да не направам. Јас ќе ги посетам оној момент кога ќе успејам да издејствувам решение или соодветна помош за оваа група на граѓани - рече Поп Арсов.